Во Велешко почна откупот на тутунот

Според земјоделците, годинава поради честите врнежи квалитетот на тутунот е намален. Очекуваат во просек да добијат по 110 денари за килограм.
Подрачната единица на Министерството за земјоделство очекува откуп на околу 1.600 тони тутун.
Во Велес, Градско и Чашка повеќе од 2.000 тутунопроизводители годинава засадија тутун на околу 970 хектари и склучија договори со неколку откупни претпријатија.
Оцени ја веста
11.12.2014 - 18:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа