Фејсбук ќе ве предупреди ако сте пијани

 

Фејсбук веќе применува технологија која што се базира на вештачка интелигенција, а истата е дел од развојот на таканаречената Deep Learning технологија. Еден пример за примената на оваа технологија е можноста Фејсбук да го препознае вашето лице, односно лицата на корисниците. Кога сакате да означите некого на сликата која што ја поставувате на Facebook, веќе и не мора да го впишувате името на корисникот, истото во повеќето случаи веќе ви е дадено како предлог.

Исто така, технологијата веќе се користи за учење на вашите желби врз основа на тоа што го објавувате на мрежата, како и тоа што го кликате. Од добиените податоци Facebook одлучува што вие сметате дека е важно за вас и соодветно ја прилагодува вашата листа со новости, односно работите кои што ги гледате.

Еден од начините кои што ваква технологија ќе може да биде употребувана во иднина беше презентирана од страна на Yann LeCun од New York University кој што работи и како надгледувач во Лабораторијата за истражување на вештачката интелигенција во Facebook.

Во основа, можноста за препознавање на лицата од корисниците, може да биде проширено до степен каде што ќе биде препознаена и вашиот израз, а врз основа на тоа и дали сте пијани. Доколку сликите кои што сакате да ги објавите на Facebook се слики со лица кои што се пијани, Facebook прво ќе ве предупреди и ќе ви постави неколку прашања, пред истата да ви дозволи да ја објавите.

 

Сигурно многу корисници биле во ситуација да направат нешто не интернет во момент на пијаност, па наредниот ден да зажалат за истото. Иако можноста некогаш постои работата да биде тргната од интернет, тоа може да биде доволно касно, па доволно луѓе да ја видат пред да ја тргнете.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега