Зошто вработените во Facebook користат стари и евтини телефони?

Многумина сметаат дека да се работи во една од најпосакуваните компании во светот, Facebook е уживање, а на вработените им е достапна најмодерната технологија, најдобрите таблети и smart телефони.

Но, сигурно дека многумина ќе се изненадат кога во рацете на најдобрите инженери од оваа компанија, наместо iPhone 6, Samsung Galaxy S5, HTC One M8 или пак некој друг топ модел, ќе видат неколку години стари и евтини  телефони на преклоп од минатата декада и дека вработените се жалат на спориот интернет.

Имено, во оваа компанија е направена специјална лабораторија во кое се користат такви евтини модели на Android и стари мобилни на преклоп кои имаат многу бавен интернет. На тој начин во Facebook сакаат да создадат услови слични на оние во рурална Индија и другите земји во развој во кои луѓето користат евтини телефони во кои е лимитирана поврзаноста со интернет. Во разговор за Time, Цукенберг вели дека на овој начин сакаат да ги сфатат ситуациите кои владеат на тие подрачја и верува дека тоа ќе им помогне на корисниците во земјите во развој да имаат подобро користење на неговата друштвена мрежа.

- Морате да ја почувствувате болката, коментираше шефот за развој на Facebook, Хавиер Оливан и додаде дека наредил на бројни вработени да користат стари smart мобилни телефони. 
Освен за нивните вработени, од Facebook ги повикаа и вработените од другите компании како eBay и Apple да ја испробаат нивната апликација на евтините телефони и да видат дека тие нема да работат.

Токму тие болни услови кои владеат во земјите во развој се голем мотив за Цукенберг за понатамошен развој на иницијативата Internet.org која сака да овозможи интернет пристап на сите во светот. Facebook неодамна издаде апликација во Замбија и Танзанија со содржина како Wikipedia и пребарувачот Google, но и временска прогноза, кои се бесплатни за користење, а во иднина се надеваат дека таквите бесплатни содржини ќе бидат достапни на уште поголем број на луѓе.

Извор; Idividi

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега