Невработеноста во Македонија на падна на историски најниско ниво
Невработеноста во третиот квартал се намали на 27,9%, објави денеска државниот Завод за статистика.
Според податоците на статистика, во третото тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 958 393 лица од кои вработени се 690 965, а 267 428 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност е 41.3, додека стапката на невработеност е 27.9%.
Невработеноста во Макеоднија почна да се намалува лани. За прв пат во првиот квартал лани падна под психолошката граница од 30%. Највисока невработеност во Македоднија имаше во 2005 кога изнесуваше 38%.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа