Расте македонската економија: БДП повисок а 4,1%
Економијата продолжува да расте. Во третиот квартал од 2014 година порасна за 4,1%, објави Заводот за статистика.
БДП расте во континуитет цела година. Во првиот квартал годинава порасна за 3,9%, во вториот 4,3%. Трендот на раст продолжува и во втората половина од годината што значи дека владините прогнози за раст на економијата од околу 3,5% за оваа година ќе бидат надминати.
Во третото тримесечје од 2014, најголем пораст е забележан во преработувачката индустрија од
16.6%. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во третото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 1.7%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 67.9%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.6%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10.8%.
По растот на БДП, макеоднската економија годинава е на второ место во Европа. Само Ирска има повисока стапка на раст од земјава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа