Шалтерите на Катастарот викендов ќе работат до 19 часот

 

Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижност - Скопје утре и задутре ќе работат од 8:30 до 19:00 часот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности. 

Катастарот ќе работи за време на викендот за да им овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување на барање за приватизација на дворните места.

Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места истекува на 15 декември. 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега