Истекува рокот за поднесување барања за откуп на дворно место

 

Утре истекуива рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен.

Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижности - Скопје и денеска ќе работат од 8:30 до 19:00 часот.

Како што соопштија од Катастарот, со тоа ќе им овозможат на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места.

Интересот за поднесување барања е зголемен во последните денови. Дневно се поднесуваат и над 1000 барања. 

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека поради зголемениот интерес на граѓаните за откуп на дворните места, канцелариите на Управата за имотно правни работи ќе имаат продолжено работно време во работните деновидо19 часот.

Сите физички и правни лица кои нема да поднесат барање и нема да го откупат земјиштето ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина на земјиштето на кое до наведениот рок биле евидентирани како корисници, односно го користеле земјиштето по основ на објект изграден врз него.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега