Груевски во политичко-економска посета на Саудиска Арабија - изразена подготвеност за соработка

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски од вчера е во посета на Кралството Саудиска Арабија. Премиерот во Ријад оствари средба со директорот на  Саудискиот фонд за развој, Јусуф Бин Ибрахим Ал Басам, информираат од владиниот сектор за односи со јавноста. 

Саудискиот фонд за развој е финансиран и основан од страна на државата Саудиска Арабија, и е насочен кон финансирање на проекти чија цел е потикнување на развојот и унапредување на соработката.

На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

Премиерот Груевски изрази задоволство што има прилика да ја посети Саудиска Арабија и истакна дека постојат можности двете држави да работат на искористување на потенцијалите особено во сферата на економијата. Тој го запозна соговорникот со мерките и реформите кои ги превзема државата за поттикнување и одржување на економскиот развој, насочени кон привлекување на странски инвестиции и финансирање на проекти од инфраструктурен карактер. Премиерот посочи дека Република Македонија во моментот е насочена кон инвестирање и изградба на три автопати и нова железничка линија за поврзување со источниот сосед Бугарија. Истовремено истакна дека земјата инвестира и вложува во полето на медицината, земјоделието и образованието.

Директорот на  Саудискиот Фонд за развој, Јусуф Бин Ибрахим Ал Басам го запозна премиерот Груевски со активностите на работа на Фондот и изрази подготвеност за соработка и поддршка на проекти од различни сфери.

„Имав задоволство да се сретнам со премиерот Груевски и можност да му ги објаснам активностите на Саудискиот фонд за развој кој е главниот канал со саудиската Влада за помагање на развојот на државите. Фондот е основан во 1974 и интернационално сме активни во 80 држави. Главно сме насочени кон помагање на инвестициите воинфраструктурни проекти, образование, здравство, земјоделие, недвижности. На средбата што ја имав со премиерот и неговиот тим ни ги објаснија плановите за развој во повеќе сфери и нивните приоритети и проекти, и можноста за поддршка при нивната реализација”,  изјави Ал Басам.

Ал Басам додаде дека се надева на соработка особено во сферата наинфраструктурата искористувајќи ги расположливите потенцијали.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега