Од полноќ рекордно ниски цени на бензините во Македонија?

 
Цената на црното злато продолжува да паѓа на светските берзи. Аналитичарите велат дека тоа не е добро за силните економии оти носи дестабилизација, инфлација и намалување на растот на економијата. За посиромашните земји кои се увозно зависни, меѓу кои и Македонија, пониската цена на нафтата носи позитивни импликации на цената на горивата што се точат на бензинските пумпи. Изминатиов месец цената на бензините постојано опаѓа, а тоа е добро за џебот на возачите.  Од регулаторната комисија за енергетика велат дека цените се нивелираат на секои две недели. Тие се дирекно зависна од просечната цената на сировата нафтата на светските берзи, како двонеделниот курс на доларот во однос на денарот.
 
Во моментов малопродажните цени на бензините и дизелот изнесуваат за еуросупер -95, 70 денари, за еуросупер -98 - 71,5 денари, а еуродизелот се точи за 60 денари. Со оглед дека цената на нафтата и понатаму паѓа се очекува од идната недела кога се очекува редовната корекција на цените нафтените деривати повторно да има поевтинување.  Слични цени на горивата во земјава се регистрирани во средината на декември во 2010 година кога еуросупер -95 чинеше 73 денари, Еуросупер-98 се продаваше по цена од 74,5 денари и еуродизел се точеше за 61,5 денари. Во 2009 година цените беа најниски и тогаш дизелот се точеше за само 49 денари, а еуросупер-95 за 61,5 денари, додека еуросупер-98 за 63 денари
 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега