Жена од Неготино преживеала хорор во својот дом
Во три часот по полноќ во полициската станица Неготино 33 годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг, 27-годишниот Г.К. од Грција, со привремен престој во Неготино, се вратил дома во алкохолизирана состојба и физички ги нападнал неа и нејзиниот татко нанесувајќи им телесни повреди. Полицаец кој веднаш излегол на местото на настанот го видел Г.К. како упатувал закани и навреди кон неговата сопруга и нејзините родители и притоа упатил закани и навреди кон него поради што бил приведен и задржан во Полициски станица.
По целосно документирање на случајот против истиот поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „телесна повреда“ извршена при „семејно насилство“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа