Што ќе правиме кога ќе ги „убиеме“ сите земјоделци на планетава?!

 

Поголем дел од минатиот век, западната култура системски обезвреди нешто што би требало да биде најпочитувана професија од сите други.

Оние кои се занимаваат со земјоделие, за да ни достават храна која ја јадеме, имаат друштве статус сличен на валканата земја која ја обработуваат.

Никој не се прашува: Што ќе се случи кога ќе исчезнат сите наши земјоделци?

Некој наивни граѓани ќе речат: Но го индустријализиравме производството на храна, не ни е потребна работна рака.

Имено бројките не лажат.

Земете го на пример САД, каде во 1950 година земјоделците биле околу 12% од вкупната работна сила.

Биле регистрирани 5.388.000 фарми со просечна големина од околу 87 хектари. Само 40 години подоцна, кога заврши Студената војна, земјоделците се со 2,6% од вкупната работна сила.
Бројот на фарми е намален на 2.143.150 што е намалување за околу 60%, иако просечната големина на фармата е зголемена на 187 хектари.

Рокефелеровата револуција на агробизнис

Луѓето кои со месо, млеко, овошје и зеленчук се поврзани само преку супермаркетите, сигурно мислат дека е одлична идејата да милиони земјоделци се ослободат од валканата работа и да најдат некоја подобра.

Не е баш толку еднсотавно.

Не сме запознати со вистинските ефекти на механизација и индустријализација на производството на храна и квалитетот на храната. Со Рокфелер почна нешто што се вика „агробизнис“, односно претварање на залихите на храна во чист бизнис заради профит.

Одгледувањето на свињи, крави, овци постепено стана индустријализирано по 1950 година во САД.

Полињата почнаа да се чуваат во така мал простор да едвај можат да стојат.

За да побрзо ги здебелат, сопственицит еги пумпаат со антибиотици и ги клукаат со ГМО пченка и ороци од соја.

Според податоците на Советот за одбрана на природните ресурси, 80% од сите антибиотици кои се продаваат се користат за стока и живина, а не за луѓето.

Тие обично се ставаат во храната или водата поради убрзување на нивниот раст. На крајот на краевите, времето е пари.

Традиционалниот семеен земјоделец, е индустријализиран без разлика на тоа каков квалитет на храна ќе добие. Тракторите се компјутеризирани, а комбајните се управуваат со GPS. Тракторит во голема мера ги заменија фармерите.

Резултатот бил фантастичен за индустријалисите – ADM, Каргил, Монсанто, а потоа и за произведувачите на пакираната храна како Kraft Foods, Kelloggs, Nestle, Unilever, Toepfer, Maggi.

Американскиот Рокфелер-Харвард модел на агробизнис стана глобализиран со GATT (Генералниот договор за тарифите и трговијата) преговорите при крајот на осумдесетите, кога ЕУ го напушти одржувањето на традиционалните домашни фармери поради слободните трговии на земјоделските производи.

Еден бирократ од Данска како аргумент за слободната трговија наведе:

Зошто јас во Данска плаќам данок за да баварските сељаци со своите мали ниви и понатаму да работат?

Затоа што традиционалниот фармер е поврзан со природата и можноста да произведе здрава храна која можат да ја јадат и луѓе и животни.

Ниту една машина не може да ја замени личната посветеност и страст која ја поседува вистинскиот земјоделец.

Сега богатите и бездушни луѓе, светските олигарси, системски прават што е во нивна моќ за да ја уништат човечката храна. Тие очигледно тоа го прават за намалување на бројот на жителите. жНе постои друга причина зошто би Рокфелер потроши милиони долари за да создаде ГМО техника, поддржувајќи го Монсанто, и другите хемиски гиганти како DuPont. Очигледно знаат дека постепено го трујат населението за да порано ги однесат во гроб.

Отровни пестициди

Токсичното влијание на животните и човечките клетки во ембрионот, се докажани со независни тестови. Сега, независно од ГМО посевите, новите тестови покжауваат дека пестицидите кои се прскаат на посевите предизвикуваат невролошки оштетувања – депресија, Паркинсонова болест, па дури и поттик за самоубиство кај работниците кои ја користат оваа смртоносна хемикалија.

Националниот институт за еколошка наука во САД, го проучувал истражувањето направено од 89.000 фармери, и други работници кои ги применувале пестицидите во Северна Каролина во САД.

По оваа голема студија е заклучено дека употребата на две класи на пестициди, фумиганти и органоколорни инсектициди, но и 7 поединечни пестициди, алуминиум фосфит, етилен дибромид, фенокси-оцетна киселина, диелдрина, диазинона, малатиона и паратиона – поврзана е со депресија во секој од собраните студии.

Студијата покажала и дека земјоделците со најголема изложеност на пестицидите, имаат 50% шанси повеќе да им биде дијагностицирана депресија.

Истражувањето е поврзано со долгорочната употреба на пестицид со висока стапка на депресија и самоубиство. (пример Индија каде годишно се убиваат значителен број на земјоделци). Доказите укажуваат на тоа дека труењето со пестициди – голема доза на краток период- го удвојува ризикот од депресија.

Епидемиологот и професор по психологија на државниот универзитет во Колорадо, Лорен Сталонес, вели дека дошло до промени, делумно поради тоа што голем број на луѓе ја споменуваат менталната онеспособеност.

Нејзините колеги заклучиле дека тие како сведоци на студијата во која се користени две класи пестициди и седум поединечни пестициди, имаат повеќе шанси да заболат од депресија.

Оние кои користеле органоклорни инсектициди имаат 90% повеќе шанси додека оние кои користеле фумиганти имаат 80% поголеми шанси.

Во Франција земјоделците кои користеле хербициди имаат двојно повеќе шанси да заболат од депресија во однос на оние кои не користеле хербициди, наведуваат во студијата во 2013 година.

Студијата во која учествувале 567 француски фармери, открила дека ризикот е уште поголем доколку се применуваат пестициди во работата повеќе од 19 години.

Накратко се уништува нутритивната вредност на храната која ја јадеме со постепено уништување на остатокот од земјоделците кои ја обработуваат таа иста храна. Тоа заедно претставува рецепт за изумирње на животот на планетата на која сме навикнати и не станува збор за претерување.

Земјоделците би требало да добијат значајни даночни олеснувања за да се охрабрат да го напуштат моделот на агробизнисот и да се врати одгледувањето на вистинската храна како пред неколку децении.

Од друга страна сериозни даноци треба да им се воведат на фармерите кои е докажано дека користат отровни хемикалии како RoundUp, или неоникотиноидот.

Во моментов ЕУ и САД работат сосема спротивно, што е апсолутно апсурдно.

 

Време е да станеме свесни за она што нас постепено не убива, и да се здружиме како би ја промениле ситуацијата. 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега