Полагањето на државна матура и денеска течеше “како подмачкано“

 

Полагањето на  вториот дел од испитот државна матура почна навреме и течеше без значителни проблеми, информира денеска министерот за образование  и наука Спиро Ристовски.

Денеска, од 10 до 13 часот 19.289 матуранти го решаваа тестот по изборните предмети - странски јазик или математика, односно филозофија или естетика.

Министерот Ристовски во изјава за новинарите истакна дека меѓу високите приоритети на МОН е државната матура во иднина да се полага електронски, како што се полагаа и тестовите за екстерното оценување.

- Факт е дека матурата се уште се спроведува хартиено. Сега, на самиот почеток на мојот мандат како министер за образование и наука, можам да најавам дека еден од врвните приоритети на МОН во следниот период е спроведувањето на проектот Е-матура. Се уште не би сакал да лицитирам со рокови и датуми, но приоритет е матурата да се спроведе електронски како што успеавме да реализираме еден многу помасовен проект, рече Спировски, по промоцијата на нови наслови од проектот за превод на илјада стручни книги.

ФОТО: Vlada.mk

најчитано сега