Жителите пријавиле но СФОР не реагирале - еве до каде е истрагата за падот на „Кингерот“
Жителите на Ротимље – местото каде се урна претседателскиот „Кингер“ во кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски и делегацијата, навреме јавиле во СФОР, но од таму немало брза интервенција, објавува телевизија Канал 5.
-Истрагата за падот на „кингерот“ и за смртта на претседателот Трајковски тече, има и нови информации, но мора да се чека завршување на сите работи, вели Омер Кулиќ, главниот истражител на новата втора по ред формирана комисија која го испитува падот на кингерот во февруари 2004-та кај Мостар, за Канал 5.
Биле испитани и жителите на Ротимље, местото каде се урна „Кингерот“. Тие, според Канал 5, посведочиле дека ја слушнале експлозијата при падот на авионот и дека местото на падот веднаш им било познато на жителите на најблиските села и на силите на СФОР, односно француската војска. Кулиќ, објавува Канал 5, не сакал да ги коментира овие информации, но, потврдил дека во рамки на истрагата се разговара и со жителите на селата кои се близу до местото на несреќата. Комисијата, дознава Канал 5, барала средба и разговор и со припадниците на СФОР кои биле контролори на летање на аеродромот во Мостар,
Во февруари 2004 година кај Мостар загинаа тогашниот македонски претседател Борис Трајковски и 8 членови на екипажот и државната делегација. Според првата истрага, „Кингерот“ се урнал поради пилотска грешка, но, поради откриените недоследности и недоречености во истрагата беше отворена и втора истрага.
ФОТО: Дневник