Избегнувајте да престојувате на отворен простор - повторно не очекуваат дожд и грмежи

 

Попладнево во Македонија имаше локално невреме со интензивен обилен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град со големина од 1,5 сантиметри.

До 14 часот најмногу дожд наврнало во Скопје-16 литри на метри квадратен и Прилеп - 14 литри на метри квадратен, а на другите места врнежите биле помалку од 10 литри на метри квадратни. Најјаки конвективни облаци се регистрирани во Скопската котлина, Полошкиот регион и во општина Росоман.
 
- Нестабилноста се уште трае и до крајот на денот ќе се задржи променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер, локално во форма на невреме со појава на град, особено централните и источните делови на земјава каде локално се очекува да наврнат повеќе од 30литри на метар квадратен воден талог, велат од УХРМ.  

УХРМ апелира во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

најчитано сега