Половината од вработените од тутунскиот комбинат ќе заминат со доброволни пакети

 

 - Повеќе од 500 вработени во Тутунскиот комбинат во Прилет се пријавиле доброволно да си заминат со пакети отпремнина до 15 илјади евра, информираше на денешната прес-конференција генералниот директор Александар Дерменџиев, кој говореше за реорганизацијата во комбинатот и стратегиското партнерство со Филип Морис.

- Очекувавме дека ќе се пријават 30 до 350 вработени, а се пријавија преку 500. До утре е пријавувањето, а наредната недела ќе се направат списоците. Отпремнината е максимум до 15 илјади евра во зависност од тоа колку месеци работникот има до пензионирање. Ослободувањето од превработеноста на комбинатот со близу 1000 вработени во моментот е дел од стратегиското партнерство со Филип Морис, изјави Дерменџиев.

Тој истакна дека Комбинатот има обезбедено буџет за исплата.

- Имаме буџет за 480 вработени, но нема да биде проблем и за другите кои сакаат да заминат. Сепак, ќе направиме процена да останат оние кои ни се потребни на соодветни работни места. Идната недела ќе биде истакнат списокот, потоа ќе соработуваме со Агенцијата за вработување за во рок од 60 дена да се завршат сите законски процедури. Сметаме дека се ќе биде готово до март наредната година, појасни Дерменџиев.

Тој изрази задоволство за тоа како тече парнерството со светскиот гигант „Филип Морис“ и потенцира дека се работи максимално посветено за да се исполни портфолиото на партнерството. 

- Ако оперативните загуби се 4 милиони евра, ние ги покриваме со намалувањето на трошоците откако ќе заминат вработените со доброволни пакети. Така ќе стигнеме до позитивна нула, вели Дерменџиев.

Според раководството како дел од партнерството, комбинатот се ослободи речиси од сите залихи тутун, сервисирани се и обврските од близу 10 милиони евра.

-  Речиси е продадена и новата реколта тутун која сега почнавме да ја откупуваме. Обезбедени се парите за исплата на тутунарите-кооперанти за договорениот тутун од околу 3000 тони. Ќе се направат напори да се откупи и дел од вишокот, изјави генералниот директор на прилепскиот комбинат Александар Дерменџиев.

Менаџментот на комбинатот е уверен дека наредната 2015 година ќе биде вистински предизвик зашто компанијата ќе почне пазарно да работи, без интервенции од државата. 

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега