Златан Ибрахимовиќ крадел велосипеди- неколку работи кои не сте ги знаеле за него
Најдобриот шведски фудбалер со балканско потекло, Златан Ибрахимовиќ моментално важи за еден од виртуозите на најпопуларната игра во светот. За некои арогантен, за други човек кој од дното успеал да стигне до врвот во својот живот. Неговата кариера често е исполнета со контроверерзии, а овие десет работи најверојатно не сте ги знаеле за популарниот Ибракадабра:
1. Златан на училиште имал двојка по физичко. Причината за тоа била едноставна, бил мрзелив и не признавал авторитети, па наставникот му ја доделил едвај преодната оценка.
2. Како дете напаѓачот на ПСЖ крадел велосипеди. За да стигне до тренинг центарот, кој му бил пет километри оддалечен од домот, еднаш му го украл велосипедот на помошник-тренерот!
3. По преминот од Малме во Ајакс, имал катастрофално лоша сезона, со само 6 постигнати голови на 24 меча. Саутемптон го барал на позајмица, Ајакс се согласил, но Златан одбил да оди во послаб клуб.
4. Не е непознат неговиот судир со Ван Дер Варт, кога Ибрахимовиќ го постигна својот славен гол, предриблувајќи ја целата противничка екипа, а на крајот игнорирајќи го Ван Дер Варт, кој од тој момент паѓа во негова сенка. Неколку денови подоцна, на мечот Холандија - Шведска, Ибра го повреди холанѓанецот, многумина тврдат намерно, и така си го отвори себе си патот во Ајакс, станувајќи негова прва sвезда.
5. Ибрахимовиќ, познат по тоа што не признава други величини освен себе си, единствениот човек за кој смета дека заслужува да стои на пиедесталот до него е - Ал Пачино!
6. Ибра е фудбалер кој освои 8 титули едноподруго за четири тима, по што е рекордер. Сепак, до сега неостварена желба му е да ја освои Лигата на шампионите.
7. Тој е најскап играч во историјата, ако се сметаат сите негови трансфери.
8. Ибрахимовиќ е носител на црн појас во теквондо, што сигурно многу му помага при високите топки, кои успева атрактивно да ги исконтролира со нога и шутира.
9. Во еден популарен француски ресторан, можете да нарачате „Златан бургер“, кој има дури 600 грама месо, а наречен е според неговото име затоа што, како што се рекламира, тој е „крал меѓу хамбургерите, како што е Златан меѓу фудбалерите“.
10.На крајот, веројатно не го знаете и тоа дека, во шведскиот јазик, е официјално вклучен и зборот „златанера“, кој значи да се доминира, убедливо да се победи, да се надигра противникот...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа