Ставрески: Реинвестираната добивка и натаму нема да се оданочува
Фирмите во Македонија, кои што сакаат да реинвестираат, и понатаму ќе имаат можност да не плаќаат данок на добивка. Тоа го имаме само ние и Естонија во Европа, што значи Репубика Македонија и натаму е земја со најповолен даночен систем во тој дел.
Тоа го изјави денеска вицепремиерот и министер за финанси Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања за повторната обврска за фирмите од јануари за плаќање данок на добивка којашто нема да се реинвестира.
Според Ставрески, разговарано е со бизнис заедницата и постои согласност дека се исцрпени можностите за пролонгирање на плаќањето на данокот по тој основ од кој поради кризата беа ослободени во изминатите пет години.
- За данокот на добивка, тоа е регулатива којашто беше во сила во време на криза и Македонија беше единствена земја, која што во тие пет години, од 2009 до 2014 година, имаше таква поволна мерка за стопанството. Ние разговаравме со бизнис заедницата и неодамна и порано и од нивна страна постои согласност дека се исцрпени можностите за пролонгирање на таа мерка и оти во Република Македонија треба да почне да се оданочува добивката што нема да се реинвестира, изјави Ставрески, по потпишувањето договор за инвестиција на американски „Капкон“ во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа