Александар Спасовски: Го сакаат ГТЦ само во прва смена

Пред некоја вечер бев на една предновогодишна забава во еден ресторан во ГТЦ. Се паркирав на полупразниот мрачен и  тесен паркинг во подрумот и тргнав кон ресторанот сместен на првиот кат. Влгов преку вратата кај Шехерзада. Силна промаја ми ја дуваше косата. Десетина згужвани ликови мрзнеа со еклерот и бозата на столчињата и масите донесени од Пластичарската улица. Кога и да поминам таму, ми се враќа сликата на една чајџилница во Чаир каде пред неколку години ме испратија од редакцијата за да извеестувам за едно убиство.
Брзо го вртам погледот и се упатувам кон приземјето. Електричниот ексалатор во ГТЦ не работи во 20:30 часот. Тргнувам пеш по грдите мермерни скали.  Нов бран промаја.  Ги бутам рацете во џебови за да не ми мрзнат, ја подгигам крагњата од капутот за да не ми студи на ушите и продолжувам.
Иако вечерта туку што започна, ГТЦ е празен. Тука и таму работи по некој дуќан  во кој туку што се истоварил некој контејнер со кинеска роба . Единствено што блеска се неколкуте салони на мобилните оператори во кои веќе нема луѓе. Само хигиеничарките си ја довршуваат работата.
Бидејќи ескалаторот не работи, повторно пеш се упатувам на првиот кат за да дојдам до ресторанот. Мирисот на пржен лук и вкусна храна ме води кон мојата дестинација. Го дигам погледот на првиот спрат и со очите барам барем една продавница со осветлен излог. Целиот прв спрат тоне во мрак уште пред 21 часот. Студот и темните излози ме тераат да побрзам до мојот ресторан.
Се прашувам, како ли е на вториот спрат. Да беше потопло може наркоманите ќе се собереа во едно кругче, но овде неверојатно студи. Силна промаја фучи меѓу излозите и дотраениот бетон. Ни куче не би шетало тука.

Наредната вечер отидов во Скопје Сити Мол. Се паркирав на подземниот паркинг, го оставив капутот во гепек и влегов во трговскиот. Пред мене, гледам неколкумина од групата професионални демонстранти на СДСМ.
Бараат слободно место во блиското преполно кафуле. Јас сум за кај играчките со детето па одам на најгорниот спрат. Додека детево ровари низ продавница, чепкам по телефонот. На Facebook гледам, некоја група луѓе го сакале ГТЦ. Правеле акција за да се спречи реновирањето на легендарниот скопски трговски центар. И тоа истиот ден кога ги сретнав како бараат место за кафе во Сити Мол.
Овие луѓе навистина го сакале ГТЦ.
Но ги разбирам. Добиле налог и мора да го одработат. Протестираат и го сакаат ГТЦ до 18 часот а потоа околу 19-20 часот одат на кафе во Сити Мол.

И јас го сакам ГТЦ. Го сакам ГТЦ со нови убави поплочени ходници. Го сакам ГТЦ со чисти  средени тоалети. Го сакам ГТЦ со топли и климатизирани ходници. Го сакам ГТЦ со полни и блескави дуќани.  Го сакам ГТЦ во ново руво, па макар било тоа барок, натур-бетон или стакло и челик.

 

Александар Спасовски
Новинар

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега