Со какви права располагаат потрошувачите?

 

Денеска и официјално ќе започне кампања за промоција на правата на потрошувачите. Истата ќе се организира во рамки на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје во соработка со организацијата на потрошувачи на Македонија.

На промоцијата ќе се делат едукативни летоци на потрошувачите под мотото „Сите сме потрошувачи“, изработени од Советот на потрошувачи на Град Скопје и Организацијата на потрошувачите на Макеоднија ОПМ.

Како што е најавено, на промоцијата ќе се обрати претседателот на Советот на град Скопје Ирена Мишева, како и претседателите на Советот за заштита на потрошувачите на град Скопје, Марјан Додовски и на ОПМ, Маријана Лончар Велкова.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега