Фудбалерите на Реал Мадрид се новите светски шампиони

 
Европскиот шампион Реал Мадрид синоќа го освои трофејот на Светското клупско првенство кое се играше во Маракеш, Мароко. „Кралскиот клуб“ во финалето го победи Сан Лоренцо од Аргентина.
 
Победата на Европјаните им ја донесоа Серхио Рамос со погодокот во 37. минута и Герет Бејл кој реализираше во 51.минута.
 
За Реал ова беше четвртата титула Светски клупски првак, претходните три исто така ги освои во директен дуел со првак од Јужна Америка.
 
Воедно тимот предводен од Карло Анчелоти ја продолжи победничката серија со 22. победа по ред остварена во сите наатпреварувања.
 
На синоќешното финале јубилеј прослави голманот Икер Касиљас. Тој го забележа 700. настап во својата кариера. 
 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега