Никовски: За три дена Македонија договори две американски инвестиции
За само три дена две големи американски компании од автомобилската индустрија ја објавија својата инвестиција во Македонија.
Компанијата Гентерм ќе инвестира во Прилеп, а Капкон во Скопје.
-Успехот во привлекувањето на оваа инвестиција се должи на една координирана и тимска работа. Беа инволвирани повеќе институции. Вклучени беа Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за слобони економски зони, Агенцијата за вработување, локалната самоуправа во Прилеп. Сите заеднички посветено работевме за да го убедиме менаџментот на компанијата да ја одбере Македонија. Процесот беше брз меѓутоа ригорозен и интензивен. Тие разгледуваа 12 региони во 5 различни земји. Имавме огромна конкуренција, но со посетеноста и со ангажманот успеавме соодветно да одговориме на нивните инвестициски планови. Ние сме многу задоволни што тие ја избраа Македонија, истакна советникот за странски инвестиции Алек Никовски кој е најзаслужен за привлекување на истата.
Тој на вестите на Сител истакна дека главните фактори во нивината одлука биле позитивната бизнис клима, конкурентноста на работните трошоци, макроекономската и политичката стабилност, квалификуваната работна сила како и посветеноста и високата професионалност на сите институции кои учествувале во процесот.
-Само во првата фаза ќе се отворат 1000 работни места. Од проекцијата на компанијата дознаваме дека ќе настојуваат ова да го дуплираат, со тоа што би достигнале до 2000 нови вработувања. Значајно е да се каже дека ова се директните вработувања, во новиот погон на Гентерм. А со нивното доаѓање ќе се отвори можност за соработка со домашни компании, со што ќе се прошири обемот на работа и таму ќе има додатни вработувања, додаде тој.
Гентерм планира во Прилеп да изгради една од најсовремените фабрики со најнова и највисока технологија во Македонија, каде ќе се произведуваат делови за водечки светски брендови како што се Волксаген, Крајслер, Форд , Фиат...
Никовски истакна дека 2014 година може да се смета за исклучително успешна инвестициска година, како резултат на истрајната и успешна политика на Владата во сверата на странските директи инвестиции.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа