Подготовките почнаа без Лазаров и Стојчевски
Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги почна подготовките за настапот на Светското првенство во Катар кое почнува на 15 јануари. На првиот тренинг поради клупски обврски ги немаше капитенот Кирил Лазаров и Никола Стојчевски кои подоцна ќе се приклучат на соиграчите.
Подготовките во Скопје ќе се одржуваат во СЦ „ Јане Сандански“, а репрезентативците се сместени во хотел „Русија“ кој се наоѓа во нешпосредна близина на салата.
Репрезентативците ќе тренираат двапати дневно, а во Скопје ќе одиграат и два контролни натпревара.
Првиот тест е во недела на 28 декември. Противник на Македонија ќе биде Израел. Овој натпревар е со хуманитарен карактер, бидејќи приходот од билетите РФМ ќе ги донира на дечињата од СОС Детското село.
Цените на билетите е 100 и 150 денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа