Во Скопје пет сообраќајки за 24 часа

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди.

Од нив, една е со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден пешак и еден велосипедист.

Се случиле уште две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца пешаци, а со телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 18 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Ристо Крле“ во населеното место Кадино, како и во подрачните училишта во населените места Мралино и Бунарџик, кои се наоѓаат на територијата на општина Илинден.

За денеска има најава за вонредни настани од кои еден е со посебно обезбедување. Во посета на земјава престојува претседателот на Владата на Република Турција, Ахмет Давитоглу. Истиот во текот на денот ќе посети повеќе места на подрачјето на градот Скопје поради што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за посебно обезбедување, односно обезбедување апсолутен приоритет на поминување на колоната возила под придружба по сообраќајниците низ градот.

Со почеток од 11 часот и 30 минути па се до 13 часот група граѓани ќе одржат протест на ул. „11 Октомври“ пред зградата на Собранието на РМ. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за обезбедување, физичка регулација, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега