Ѓоковиќ одбил 100.000 долари да намести меч
На најдобриот тенисер во светот во моментов Новак Ѓоковиќ пред осум години му биле понудени 100.000 долари да намести еден натпревар, објави „USA Today“.
Српскиот тенисер секако ја одбил оваа непристојна понуда, но воедно нагласил дека иако голем број на тенисери не ни помислува да се вплетка во такво нешто, сепак реалноста е сосема поинаква.
-Мислам дека тоа не е легално и дека и штети на репутацијата на нашиот спорт. Немаме простор за такво нешто, но реалноста е сосема поинаква, вели Ѓоковиќ.
Во тоа време, кога Новак одбил да го намести мечот, обложувањето на тениски натпревари не било многу популарно, но ситуацијата денеска е сосема поинаква. Иако сега е многу потешко да им се пријде на најдобрите тенисери, сепак оние кои сакаат да ги изнесат непристојните понуди, користат разни измами да го сторат тоа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа