Новогодишно шопинг лудило ја зафати Македонија - се полнат касите на трговците

 

Новогодишното шопинг лудило ја зафати Македонија. Еуфорија започна. Се зголемува потрошувачката, се празнат паричниците и кредитните картички на граѓаните. Трговците центри низ Скопје се преполни. Според истражувањата, граѓаните најмногу пари ќе потрошат за украсување на домот, за подароци и за храна, пишува Лидер.

Декември, по правило е најдобар месец за трговците. Тие, пак, подготвени уште од почетокот на овој месец со примамливи понуди за потрошувачите. Се очекува најголем профит да остварат супермаркетите. Анализите покажуваат дека просечните дневни сметки на граѓаните изнесуваат околу 5.000 денари.

-Потрошувачката овој период е зголемена, бидејќи секој сака да купи некој подарок за празниците. Овој период најмногу се трошат модните брендови, текстил, чевли, но исто така се троши и доста на храна. Конкретно во Рамстор кај нас, зголемена е потрошувачката на месо, на свежо овошје, зеленчук, чоколади, како и на детските играчки. Се очекува да се големи продажбата за околу 30%“, вели Даниела Адемовска, генерален менаџер на Капитол Мол.

Најмногу трошат скопјани, но сѐ поприсутни се и потрошувачите од внатрешноста, како и од соседните земји, посебно Косово и Србија.

-Оваа година новогодишната еуфорија стартуваше порано, тоа некако се должи и на раното украсување на трговскиот центар, па и луѓето некако се расположени за шопинг. За тоа се сведоци и самите продавници. Оваа година исто така бележиме зголемена посетеност и зголемена продажба во однос на минатата година“, вели Александра Шаровиќ Атанасовска, маркетинг менаџер на Сити Мол.

И салоните за убавина земаат дел од празничниот потрошувачки колач. Периодов ретко може да се најде слободен термин. Ако во обичен месец се трошеле по 3.000 денари за разубавување, во декември се трошат повеќе пари.

-Веќе се чувствува еуфоријата за новогодишната ноќ. Првите припреми започнаа на почетокот од месецот. Се прават повеќе работи, покрај вообичаената декоративна козметика, уредување на нокти, шминка и фризура,  изјави Сузана Блажевска, сопственик на козметички салон.

-Гужвата пред Нова Година е вообичаена, посебно овие дваесеттина дена се поисполнети, вели стилистот Александар Билјановски- Дадар.

Уште поголем раст на продажбата трговците очекуваат за Божиќ бидејќи тогаш почнува сезоната на попусти кај нас.

Американците ќе потрошат 167 милијарди долари на божиќни подароци

Празничната шопинг треска во Америка одамна започна. Анализите велат дека Американците оваа година ќе потрошат 167 милијарди долари за божиќни подароци. Најмногу се купуваат производи преку интернет. Две недели пред Божиќ, продажбата преку интернет сајтовите на сите поголеми шопинг центри како Мејсис и Маршалс, бележат најмалку 50 проценти зголемен профит.

Да за се привлечат што е можно повеќе купувачи, трговците нудат бесплатна достава до дома, попуст во одредени денови или дури часови во денот, купи едно земи два или три производи.

Потрошувачите во САД оваа година поради подобрата економска ситуација, можат да си дозволат полуксузни подароци за најблиските. Најмногу се продава мебел, апарати за домаќинство, најновите електронски производи, облека, накит, парфеми и играчки.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 09:15
Фото: 
хитпортал

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега