Груевски на Фејсбук ја објави најдобрата вест за охриѓани за денеска
Она што го ветив пред јавноста на 25 март 2014, дека ќе има инвестиција во охридско-струшкиот регион се официјализираше финално. Германската компанија „Костaл“ објави инвестиција и 1000 нови работни места. 1000 нови вработувања за охриѓани и стружани. Вие знаете дека може да верувате на нашиот збор, дека се реалност и имаат корист за народот.
По Гентерм и Капкон, Костaл е трета инвестиција во само седум дена. Објава за 2500 нови работни места за само една недела. Нашата борба за секое ново работно место продолжува, објави премиерот Никола Груевски.
Оцени ја веста
24.12.2014 - 09:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа