Струмичанка ја заокружи 2014 со Голф 7 - нови среќни моменти со Лозот „Седма Брзина"
Годината е поубава кога ја заокружуваме со среќни моменти. Таква ќе биде 2014 за Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичко Ново село. Таа годинава ја заокружува со убава добивка-автомобил Голф 7 благодарение на Инстант лотаријата 7ма Брзина на Државна Лотарија на Македонија.
Ѓурѓа е љубител на Инстант лотариите. Од продажното место ДП-Сил купила 23 Инстант лоза Подарок, а само една 7ма Брзина. Но, токму во тој еден лоз, се криела нејзината среќа. Стрелката на Инстант лозот 7ма Брзина го посочи токму Голфот 7, со кој ќе ужива во возењето во 2015.
Само за потсетување, во Инстант лотаријата 7ма Брзина, доделени се 7те премии - автомобил Голф 7, имаме и двајца добитници на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.
Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80....50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.
За добро!
Државна лотарија на Македонија
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа