Ставрески: Проектот „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет

 

Зголемен е интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“. Во последните два месеца, по одржување на двата саема за овој проект, се одобрени 90 барања за субвенциониран кредит, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по средбата на Коалицијата „За подобра Македонија“.

- „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет и интерес врз основа на саемите што ги направивме. Само во декември има нови 40 барања за субвенција, а претходно имавме 50. Откако почнавме со саемите 90 семејства го решија  прашањето за сопствен дом. Така што ќе продолжиме и понтаму, рече Ставрески.

Вториот саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ е во тек во ТЦ „Рамстор“ на кој градежни компании, банки и претставници од Министерството за финансии ги запознаваат заинтересираните за можностите за учество во проектот. Саемот ќе трае до 28 декември.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега