Иванов: Со изборот на Давитковски исполнивме обврска од Пролетниот извештај

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов го поздрави изборот на Борче Давитковски за претседател на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември 2012 година. Претседателот очекува Комисијата да ја заврши својата работа, односно да даде суд за случувањата.

- Тоа што е избран претседателот кажува дека е е исполнета една преземена обврска од Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија. Се наедавм дека комисијата ќе си ја заврши работата бидејќи таа има за цел да ги констатира и да даде свој суд за настаните од 24 декември, изјави претседателот Иванов одговарајќи на новинарски прашања во Братислава.

Иванов апелира до партиите, освен формирањето на Комисијата, да најдат начини да ја исполнат и другата обврска - потпишување на меморандумот за поддршка на евроинтегративниот процес.

- Тоа ќе биде во прилог на сите наши обврски кои се преземени и ќе биде почитувано и ценето од Брисел, бидејќи таа е сопствена нашата обврска покрај другите како земја во процесот на ероинтеграциите, истакна претседателот Ѓорге Иванов. 

Инаку, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска и утре во Братислава, ќе учествува на 18. Самит на шефови на држави и влади од Централна Европа. Домаќин на Самитот е претседателот на Словачка Република Иван Гашпарович.

најчитано сега