Оловно-цинковите рудници финансиски ја размрдаа Македонија
Изминативе години рударството во Македонија континуирано се развива и има голем придонес за економијата во земјава, а во таа наока и за подигнување на животниот стандард на граѓаните кои се вработени во овие капацитети пишува Нетпрес. И покрај кризата во Европа, рударскиот сектор деловната 2014 година ја завршува успешно.
Сѐ поголемата заинтересираност на странските инвеститори за македонските минерални богатства е резултат на цените на металите на светските берзи и на поволните услови за инвестирање кои ги овозможува македонската влада.
По рестартирањето на рудникот „Саса“ во 2006 година, од страна на руски инвеститор, вложувањата во рудникот се во капиталните објекти, машините и опремата кои придонесуваат за експлоатацијата и преработката на рудата преку 750 илјади тони руда. Досегашните вложувања во рудникот изнесуваат преку 50 милиони евра. Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски потенцира дека рудникот„Злетово“ има вработено околу 500 луѓе. Исто така, околу 80 отсто од концесионерскиот надомест оди во општинскиот буџет, а минатата година во општината се слеаа 12 милиони денари од концесионерскиот надомест.
Рудникот за оловно-цинкова руда „Саса“ ја завршува успешно 2014 година, со целосно остварување на планираното и со заокружување на инвестицискиот циклус од 18 милиони евра во подготовка на јамски објекти и опрема за нов ривир што е пуштен во употреба.
Имено, овој стопански сегмент е многу важен за македонската економија со оглед на фактот дека во рударско преработувачки капацитети се вработуваат голем број на луѓе. Долги години токму ваквите капацитети беа носечки столбови на економското живеење на цели региони, а се очекува тој тренд да продолжи и во иднина.
Денеска, по реактивирање на рудникот „Саса“ од руската компанија „Солвеј“, само со 700 вработувања, сликата во Македонска Каменица е сосема поинаква. И тие што не работат во рудникот, вршат некаква услуга за рудникот – шофери, доктори, доставувачи на храна, доставувачи на други материјали, занаетчии… Просекот на ангажирана работна сила во рударската индустрија изнесува 1:4 – на еден вработен, четири ангажирани лица за извршување разни услужни дејности за рудникот. Буџетот на општината наеднаш е повеќе од 1,3 милиони евра.
- „Саса“ и „Бучим“ се сериозни извозни компании во Република Македонија и многу сериозни играчи во тој дел од македонската економија. Исто така тие се водечки компании во источниот регион и водечки извозни компании во целата земја, изјави претстедателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на неодамнешната седница по повод промоцијата на резултатите постигнати во областа на рударството.
Тој исто така додаде дека рудниците „Саса“ и „Бучим“ се два водечки сегменти во оваа дејност во Македонија, и дека истите се субјекти на кои што македонската економија може да смета во наредниот период, кога станува збор за порастот на БДП-то и зголемувањето на извозот.
- Во работењето на „Саса“ не постојат проблеми, таа е најголем извозник и како Стопанска комора сакаме компанијата таа позиција да ја задржи и во наредниот период. Можам да изразам задоволство дека кон крајот на овој месец оваа компанија ќе биде првата компанија во Македонија во областа на рударството која ќе ја добие интегрираната еколошка А-дозвола во рок предвиден со законот, и тоа е добар пример за останатите , истакна Азески.
Рудникот „Саса“ почна со работа во 1966 година, со годишен капацитет за преработка со околу 300 илјади тони. Максималото годишно производство е остварено во периодот од 1970 и 1980 година, при што е експлоатирано и произведено околу 625 илјади тони влажна руда. Во 2003 година рудникот е затворен.
По рестартирањето на рудникот „Саса“ во 2006 година, од страна на руски инвеститор, вложувањата во рудникот се во капиталните објекти, машините и опремата кои придонесуваат за експлоатацијата и преработката на рудата преку 750 илјади тони руда. Досегашните вложувања во рудникот изнесуваат преку 50 милиони евра.
Рудниците „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка, и двата се во сопственост на индиската компанија „Индоминерали и метали“.
Од компанијата информираат дека компанијата инвестира во Македонија повеќе од осум години.
- За бизнисот да биде успешен има континуирана потреба за инвестиција. Досега „Индоминерали и метали“ имаат инвестирано над 1 милијарда денари во рударскиот сектор во Македонија. Инвестициите се пред се во инфраструктурата, развојот и рударската опрема. Со оглед на опсежноста на работата во рудниците, како и потенцијалот на планираните активности, поставивме рамка на капиталните трошоци за следните две години за работата во рудниците „Злетово“ и „Тораница“. Овие трошоци се проценуваат на околу 225 милиони денари. Според целите и планираните активности, главниот фокус на компанијата е кон зголемена продуктивност и „Индоминерали и метали“ модернизација на рударските методи, со цел зголемување на капацитетите. Во согласност со глобалните трендови и во согласност со ефективната имплементација на докажани модерни технологии, инвестициите соодветствуваат со нашата цел да креираме одржлив бизнис и да ја подобриме социјалната, економска и еколошка благосостојба на заедницата каде работиме, велат од компанијата.
Во однос на заштитата и безбедноста при работа од компанијата велат дека посветуваат еднакво внимание на производството и на безбедноста при работа на вработените.
- Ова е многу важен аспект на нашата работа. Во рударскиот сектор, од исклучителна важност е да се надгледуваат процедурите при работа и поради тоа организираме соодветни тренинзи за вработените. Исто така спроведуваме регуларни практики во имплементацијата на медицински прегледи за здравјето на вработените Сите овие мерки се во согласност со работните практики и етиката на компанијата според насоките на Законот за безбедност и заштита при работа, велат од „Индоминерали и метали“.
„Индоминерали и метали“ во моментов е еден од најголемите странски инвеститори и едни од најголемите работодавци во Македонија. Засега во компанијата се вработени околу 1000 лица, но со постојаното зголемување на производството, потребата може да се зголеми.
- Што се однесува до нашата политика на вработување, се придржуваме кон веќе воспоставена пракса, соодветно образование и едукација во зависност од позицијата, пред секој нововработен да почне со работните обврски, мора да ја помине нашата обука за безбедност при работа, со што ги почитуваме стандардите и процедурите за овој профил на работа. Поради фактот што локалните граѓани се вработени во „Индоминерали и метали“, веруваме дека кога инвестираме во заедницата, исто така инвестираме во работната сила и во животната средина, велат од Компанијата.
Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски потенцира дека рудникот„Злетово“ е еден од најстарите рудници за олово и цинк во Македонија.
- Има вработено околу 500 луѓе. За општината се важни и вработувањата . Околу 80 отсто од концесионерскиот надомест оди во општинскиот буџет, а 20 отсто во централниот, вели Тоневски и додава дека концесионерскиот надомест е околу 2 отсто од пласманот на метал концесионерот.
Тој информира дека минатата година во општината се слеаа 12 милиони денари од концесионерскиот надомест.
Рударството учествува со 12 отсто во индустриското производство. Последните десетина години активно се развива, а од 2005-та многу рударски комлекси се обновени и работат успешно. Отворени се и мноу рударски претпријатија. Денес во секторот работат преку 300 фирми од кои околу 160 се директно во рударството. Изминатите 4-5 години се доделени над 400 нови концесии за детални геолошки истражувања кои треба да овозможат отворање нови претпријатија.
Според последните статистички податоци во 140 рудни објекти низ државата егзистенцијата ја обезбедуваат 8.000 луѓе. Само во последните шест години вработени се нови 3.872 работници во рударско праработувачката дејност, што се должи пред се на работата на постоечките рудници во Македонија и рестартирање на затворените рудници.
Извор: Нетпрес
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа