Му го скршил носот и забите - скопјани направиле хаос во Тетово

Ноќеска во еден часот по полноќ на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово дошло до меѓусебна вербална расправија, а подоцна и физичка пресметка помеѓу лицата Г.М. и М.Т.(25) од Скопје со престојувалиште во Тетово.

За време на настанот Г.М. извадил огнено оружје-пиштол, кој го репетирал и со рачката од истиот го удрил М.Т. во пределот на левото уво, по што овој паднал на земја, а Г.М. и уште едно непознато лице кое било со него почнале со нозе да го удираат во пределот на лицето и телото.

По настанот М.Т. се упатил во КБ-Тетово, каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на носна коска) и скршени два заба.

Настанот првично е пријавен од вработените во КБ-Тетово. СВР-Тетово презема мерки за рачистување на настанот.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега