Тони Пулис е новиот менаџер на ВБА

Премиерлигашот Вест Бромвич Албион (ВБА) го назначи Тони Пулис за наследник на отпуштениот Алан Ирвајн на тренерското место кое остана испразнето во понеделникот.
Педесет и шест годишниот Пулис кој се очекува да потпише двегодишен договор ќе биде четвртиот тренер на ВБА во последната година.
Минатата сезона Пулис го спаси Кристал Палас од испаѓање и беше прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата.
- Успехот на секој клуб зависи од сплотеноста на сите, почнувајќи од фудбалерите, раководството, вработените, па се до навивачите. Со посветеност, силна работа и максимално исполнување на задачите можеме да стигнеме до целта, а тоа е опстанок во лигата и остварување што подобар пласман, изјави новиот менаџер на ВБА.
Оцени ја веста
01.01.2015 - 14:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа