ФОТО: Изгоре еден од најпознатите скопски ресторани

Скопски ресторан се запали на првиот ден од Новата Година. Среќа во несреќа е што пламените јазици кои целосно го пеплосаа покривот од кафаната, не проголтале човечки живот. Во огнената стихија изгореле околу 20 квадратни метри од ресторанот “Велчево меанче”, лоциран во скопската населба Ченто, објави Алфа.

velkovo

На местото веднаш пристигнале и полициски патроли кои го обезбедуваат теренот. Од полицијата информираат дека пожарот избувнал околу 12 часот од засега непознати причини, но истиот бил веднаш локализиран благодарение на брзата интервенција на пожарникарите. 

velkovo-1

Командирот на Противпожарната бригада Скопје Благоја Менковски за Алфа вели дека пожарникарите за новогодишната ноќ имале полни раце работа, и како што велат сите интервенции биле извршени експресно и професионално.  

velkovo-2

Час поскоро по целосно локализирање на пожарот, немало оштетени возила во непосредна близина. Газдата на локалот кој прв го забележал чадот веднаш ги алармирал пожарникарите. Тој се сомнева дека причината за пожарот неофицијално е геалка која била заборавена во една од собите каде имало преноќиште. 

velkovo-3

Материјалната штета се проценува на нешто повеќе од 30.000 денари. Детали за избувнувањето на пожарот ќе бидат познати по завршување на увидот.

velkovo-4

Инаку, пожарникарите за новогодишната ноќ имале неколку интервенции, но за среќа без сериозни последици.

 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега