ФОТО: Голем пожар во кафуле во скопски Бисер - на терен 7 пожарни возила

Кафуле во трговскиот центар „Бисер“ во скопската општина Аеродром рано утринава изгоре во пожар, јави Телеграф. Причинета е материјална штета, но нема повредени.

Командирот на Противпожарната бригада Благоја Менковски потврдил дека во 3 часот и 25 минути е пријавен пожарот по што е интервенирано со 15 пожарникари и седум пожарникарски возила. 

- Пожарот е локализиран и не е дозволено негово проширување на околните објекти, истакна Менковски за порталот

Во пожарот е зафатена површина од околу 200 метри квадратни. Причините дополнително ќе се утврдуваат.

Фотогалерија на Телеграф

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега