ГОЛЕМ МАЛЕР: На скопјанец вчера му изгоре кафаната - денеска му се запали кафулето

Скопјанец нема по добро да го памети стартот на оваа година. Откако вчера му се запали кафеаната Велчево меанче, ноќеска во пожар му изгоре и кафулето Кул во скопскиот трговски центар Бисер. Според фотографиите кои ни ги испратија наши читатели, пожарот оваа ноќ бил страотен. Целата стаклнена фасада на трговскиот центар Бисер е црна од димот. Брзата реакција на скопската противпожарна служба која интервенирала со 7 возила и 15 пожарникари спречила огнот да се прошири и да го проголта целиот трговски центар. 

Сопственикот на Велчево меанче кое исто така се запали пред два дена бил ортак со уште едно лице во кафулето Кул. Негови пријатели велат дека ова лето вложиле поголема сума за опремување на кафулето. Како избил пожарот ноќеска се уште не се знае. Од полицијата се уште нема официјални информации во какви околности избила огнената стихија.

Екипата на Press24 не успеа да го добие сопственикот на кафулето.

Благодарност до нашиот читаетл Горјан за фотографијата.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега