Полицијата ќе истражува: Како е можно на еден човек да му изгорат ресторанот и кафулето во два дена

Полицијата ќе истражува, како се случи на сопственикот на Велчево меанче во два дена да му изгорат и кафулето и ресторанот. Полициски извори за Press24 велат дека за овој како и за секој друг случај водат истрага која треба да покаже, во какви околности избиле пожарите и дали станува збор за несреќа или пак за намерно подметнување.
Нашите извори велат дека се уште е во тек увидот во кафулето Кул во скопски Бисер па оттука, не сакаат да изнесуваат повеќе детали додека не ги соберат сите докази.
Ќе се истражува, дали сопственикот можеби имал нерасчистени должничко-доверителски односи и дали можеби поради некои други причини постои можност некој намерно да ги предизвикал двата пожари кои за два дена го оставија без двата бизниси.
Press24 утрово објави дека во пожарот кој избил ноќеска целосно изгоре терасата на кафулето Кул во скопски Бисер. Пријатели на сопственикот велат дека тој летово вложил доста пари за да ја реновира терасата на кафулето кое важи за едно од најатрактивните во трговскиот центар во Скопски Аеродром.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега