Утврдено од што се запали Велечво Меанче - во кафулето во Бисер увидот трае

Заборавено грејно тело најверојатно е причината за пожарот во скопскиот ресторан Велчево Меанче, дознава Press24 од полициски извори. Неофицијалните информации до кои дојдоа нашите репортери велат дека греалката го запалила ресторанот по што пожарот се проширил и предизвикал поголема штета.
Во какви околности изгоре кафулето Кул во скопски Бисер се уште утвдува истрагата. Полицијата во моментов се уште врши увид, но според првичините и се уште неофицијални и непотврдени информации, ниту во Бисер нема индиции дека пожарот бил подметнат од лице од надвор. 
Press24 веќе објави дека утрово некаде пред 4 часот се запали кафулето Кул во скопски Бисер. Еден од сопствениците на Кафулето во исто време е и сопственик на Велчево меанче, ресторан кој изгоре пред два дена.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега