Продолжуваат натпреварите во АБА лигата

 
Со двата натпревари кои ќе се играат вечерва продолжуваат натпреварите во регионалната кошаркарска АБА лига.
 
Од 19 часот ќе започне натпреварот меѓу Маталац и Крка, а два часа подоцна (21) закажан е стартот на средбата Игокеа – Солнок.
 
Дуелот меѓу Левски и Задар кој требаше да се игра денеска е одложен поради зафатеност на салата во Софија во која настапува бугарската екипа.
 
Утре на програмата се три натпревари. Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во СЦ „Јане Сандански’’ го пречекува црногорскиот претставник Будуќност во натпревар кој ќе започне од 21 часот.
 
Останатите двојки се: Партизан – Цедевита и Унион Олимпија – Црвена звезда, а за во понеделник закажан е дуелот меѓу Цибона - Мега Лекс.
 
Табела: Црвена звезда 15-0 (победи-порази), Будуќност 12-3, 
Цедевита 11-4, Унион Олимпија 8-7, Партизан 8-7, Цибона 8-7, Мега Лекс 7-8, Задар 7-8, Крка 6-9, Солнок 6-9, Металац 6-9, Игокеа 5-10, МЗТ Скопје Аеродром 5-10 и Левски Софија 1-14.
 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега