Кумановчани со стаклени шишиња фрлале по се што ќе им дојде пред очи во кафе-бар
39-годишниот И.М. од Куманово си заработи кривична пријава поради „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Исто така и неговиот сограѓанин, 39-годишниот И.С. заработи кривична за тешка телесна повреда.
Тие на улицата „Ленинова“ во кафе барот „Тунел“ се напиле по што И.М. со стаклено шише го нападнал Ј.М., кој бил ангажиран како обезбедување на објектот.
И.С. исто така со стаклено шише нападнал гостин во објектот, нанесувајќи му тешка телесна повреда во пределот на раката.