Измамен пензионер од Битола остана и без накит и без пари
41-годишниот С.Т. од селото Лавци и 50-годишниот А.П. од с.елото Нижо Поле од Битола си заработија кривична пријава за измама.
Двајцата битолчани му позајмиле 5.000 денари на пензионер кој им дал алка во вредност од 500 евра како залог.
По кратко време лицето им ги вратило парите но пријавените не му ја вратиле алката по што сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.