Четири лица повредени - што се случувало на скопските улици?

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно осум сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, а со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и тројца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 34 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани, со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега