Рекордни 46 поени на Гасол во победата над Милвоки

 

Шпанскиот репрезентативец во дресот на Чикаго Булс, Пау Гасол постигна за него рекордни 46 поени со 18 скокови на ноќешниот натпревар против Милвоки.

Неговата екипа оствари победа од 95:87, што значи дека Гасол постигна речиси половина од поените за својот тим. Тој во текот на дуелот имаше шут од игра: 17 погодени од 30 обиди и од линијата за слободни фрлања 12 од 13.

Резултати на другите дуели одиграни ноќеска: Њујорк – Шарлот 82:110, ЛА Клиперс – Далас 120:100, Детроит – Бруклин 98:93, Филаделфија – Индијана 93:92, Торонто – Бостон 109:96, Хјустон – Јута 97:82, Минесота – Сан Антонио 93:108 и Портланд – Орландо 103:92.

Вечерва се играат пет натпревари: Атланта – Вашингтон, ЛА Клиперс – Мајами, Мемфис – Феникс, Сакраменто – Кливленд и ЛА Лејкерс – Портланд.

Пласман Источна конференција: Атланта 28-8 (победи-порази), Торонто 25-11, Вашингтон 25-11, Чикаго 26-12, Кливленд 19-18, Милвоки 20-19,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 29-5, Портланд 29-8, Хјустон 26-11, Мемфис 25-11, Далас 26-12, ЛА Клиперс 25-12, Сан Антонио 23-13, Феникс 22-17,... 

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега