Македонските ракометари патуваат за Катар
По настапот на турнирот во Нант македонската ракометна репрезентација патува за Катар, каде ќе се подготвува до почетокот на ракометниот Мундијал. Избраниците на селекторот Ивица Обрван првиот натпревар на Светското првенство со Тунис го играат на 16 јануари. Деновите до првиот дуел ќе бидат искористени и за аклиматизација.
На турнирот во Нант, Македонија постигна победа над Алжир (32:20), а во финалето беше поразена од европскиот и олимписки шампион Франција (20:30). На подготовките во Скопје нашата репрезентација постигна и две победи над Израел и подготовките ги заврши со биланс три победи и еден пораз.
Според најавите македонските ракометари со стручниот штаб вечер треба да пристигнат во Доха.
Македонија на Светското првенство во Катар се наоѓа во групата Б и за ривали покрај Тунис ги има уште: Иран (17 јануари), Босна и Херцеговина (19 јануари), Хрватска (21 јануари) и Австрија (23 јануари).
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа