Федерер стигна до 1.000 победи во кариерата

 

Швајцарецот Рожер Федерер триумфираше на турнирот во Бризбејн откако во финалето со 2:1 во сетови го победи Милош Раониќ од Канада.

Ова воедно за него беше 1.000 победа во кариерата. Повеќе од 1.000 победи имаат само уште Џими Конорс (1.253) и Иван Лендл (1.071).

Федерер во финалето го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а потоа Раониќ беше поуспешен во тај бреjкот од вториот сет со 7:6 (7:2). Во решавачкиот сет повторно беше 6:4 за Федерер.

Ова за швајцарскиот тенисер е вкупно 83-та турнирска победа.

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега