Годината тргна убаво - Државна лотарија на Македонија повторно донесе среќа
Јануари е месец на добивки. Минатата недела имавме среќен играч кој се радуваше на својата добивка, благодарение на Инстант лотаријата Смајли, а денес имаме уште еден кој го збогатува списокот среќни играчи на оваа игра на среќа на Државна лотарија на Македонија.
Насер Даути од Тетово, е најновиот играч кој се радува благодарение на Смајли. Купил само еден Инстант лоз Смајли од продажното место Детектив 001, а среќата сакала точно тој да биде добитен.
Инстант лозот Смајли е игра на среќа на Државна лотарија на Македонија во која вистински уживаат сите кои се млади во срцето. Инстант лозот СМАЈЛИ чини 30,00 денари, а нуди можност за освојување на еден од 35те скутер: SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T! Досега доделивме 25, во игра се уште 10. За повеќе забава во играта вклучени се и помали добивки од 50 и 30 денари што го прават секој трет лоз добитен и ги зголемуваат шансите за побрзо доаѓање до посакуваниот скутер. Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија е одлична можност за секој што сака да освои добивка и веднаш да ја однесе дома.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа