Во Ѓорче крстот ќе се фрла во две реки

По повод Богојавление- Водици, традиционално во општина Ѓорче Петров и оваа година крстот ќе се фрла на две локации.

Првата ќе биде на реката Лепенец во Волково, кај последната автобуска станица на автобусот број 22 и ќе започне во 11 часот, а втората од железниот мост во населбата Хром, на улица „Циборовски“.

Црковните одбори од храмот Св. „Петар и Павле“ и храмот Св. „Пантелејмон“ од населбата Нерези, се договорија по петти пат заеднички да го фрлаат крстот во водите на реката Вардар.

Церемонијата во населбата Хром ќе започне во 12 часот. Сите заитересирани учесници за манифестацијата можат да се пријавуваат во просториите на споменатите цркви.

За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати крстот обезбедени се пригодни подароци.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 11:51
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега