Нов менаџмент во ЕВН Македонија
Штефан Петер е нов претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, а Харалд Дамерер е назначен за негов заменик.
Тие на овие позиции доаѓаат по истекот на договорите со претходниот менаџмент на компанијата Вернер Хенгст и Волфганг Шефер.
ЕВН Македонија денеска информира дека како трет член на Управниот одбор и понатаму останува Игор Гиевски, кој на оваа позиција е назначен од септември 2010 година.
Штефан Петер има завршено студии за менаџмент со технички проекти и процеси, а на Универзитетот во Виена и Универзитетот за бизнис и економија во Минесота завршил МБА студии. Својата кариера во ЕВН ја започнал во 2001 година во одделот за набавки. По двегодишно раководење на одделот за набавки на ЕВН Бугарија, е назначен за менаџер на одделот за набавки во ЕВН АГ, а во 2010 станува прокурист на ЕВН АГ. Во септември 2012 дополнително е назначен за директор на Кабелплус, телекомуникациска компанија на ЕВН Групацијата.
Харалд Дамерер има дипломирано на техничка школа за технички инженеринг, а во 2012 има завршено и МБА студии. Вработен е во ЕВН во 1989 и има дипломи за инженеринг во електротехника и гас/вода. Има управувано со повеќе кориснички енерго центри во Австрија, а бил и ментор при воспоставувањето на КЕЦ структурата на ЕВН Бугарија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа