Македонија во Катар - братска дружина!

 

Македонската ракометна репрезентација ќе биде уникатен пример на СП во Катар бидејќи во своите редови има три пара браќа.

Кире и Филип Лазаров, Наумче и Златко Мојсовски, Никола и Велко Мракоски се браќата кои во ист момент настапуваат за Македонија и ја прават нашата селекција уникатна на Мундијалот во Катар.

Сепак, македонската репрезентација не е единствениот ваков пример. Аргентина има тројца браќа во своите редови, за БиХ ќе настапат близнаци, а браќата Карачиќ ќе настапат за различни селекции.

Македонија има уште едно братско ракометно дуо Дејан и Мартин Манасков, синови на легендарниот Пепи Манасков. Дејан е во Катар, додека вториот е член на младата репрезентација.

Браќа на мундијалот во Катар

Македонија:

Наумче и Златко Мојсовски, Никола и Велко Маркоски, Кирил и Филип Лазаров

Аргентина: Себастијан, Диего и Пабло Симонет

Хрватска и БиХ: Игор Карачиќ и Иван Карачиќ

Словенија: Миха и Лука Жвижеј

БиХ: Бенјамин и Сенјамин Буриќ

Белорусија: Сергеј и Зијанис Рутенка

Франција : Никола и Лука Карабатиќ

Австрија: Александар и Максимилијан Херман

Данска: Рене и Хенрих Тофт Хансен

Полска: Михаил и Бартош Јурецки

Извор: Нова Македонија

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега