ФИФА го одбра најдобриот тим во светот за 2014 година

 

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), на гала церемонијата која се одржува во Цирих, го одбра најдобриот тим за изминатата 2014 година.

Во идеалниот состав се по тројца фудбалери на европскиот и светски шампион Реал Мадрид, германскиот првак Баерн Минхен, по двајца играчи на францускиот првак ПСЖ и шпанската Барселона и еден челен на анлискиот тим Манчестер Јунајтед.

Очекувано меѓу единаестмината најдобри се и тројцата кандидати за признанието „Златна топка’’ (најдобар фудбалер на светот): Роналдо, Меси и Нојер.

Најдобриот тим во светот за 2014 година во изборот на ФИФА го сочинуваат:

Голман: Мануел Нојер (Баерн Минхен).
Одбрана: Серхио Рамос (Реал Мадрид), Тиаго Силва (ПСЖ), Давид Луиз (ПСЖ), Филип Лам (Баерн Минхен). 
Средан ред: Андрес Иниеста (Барселона), Тони Крос (Реал Мадрид) и Ангел Ди Марија (Манчестер Јунајтед).
Напад: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) и Аријен Робен (Баерн Минхен).

Во досегашниот дел од церемонијата, признание доби и селекторот на репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев кој во конкуренција на Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) го понесе признанието за најдобар тренер во 2014 година, откако со Германија го освои шампионскиот трофеј на СП во Бразил.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега