Пад на цената на горивата - од денеска и плинот со значително пониска цена

 

Се намали и цената на плинот и на компримираниот природен гас.

Од денеска течниот гас се продава за 28 наместо за досегашните 31, 5  денари за литар, а компромираниот гас поевтинува за 5 денари и наместо за  48 ќе се продава за 43 денари за килограм.

Намалувањето се должи на склучениот договор на Макпетрол со руската компанија Гаспром.

Според договорот цената на индустрискиот гас се намалува за 5 и пол денари за кубен метар со што наместо за 29,9 ќе се продава за 24,5 денари.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега